Вести Македонија

Подбеласичките села живнаа за празниците

Подбеласичките села живнаа за новогодишно-божиќните празници.

Стотици семејства се вратија да прослават со своите најблиски.

За разлика од лани, кога поради ограничувањата што ги наметнаа западноевропските земји овој крај остана празен, деновиве тука е раздвижено и бучно.

Панде Пецев од Габрово вели дека и годинава не дошле сите, но сепак не е ни пусто како минатата година.

Кога и да се споменат верските празници, најмногу внимание привлекува Колешино, село со четири цркви и исто толку христијански верски заедници.

Но, и покрај тоа што во село со околу 800 жители има четири цркви, мештаните велат дека взаемната почит е над се.

Свештеникот во православната црква, отец Максим Пармачки во овде е веќе две години. Вели дека колешани се пример за соживот, пријателство и прифаќање.

Освен пријателството, колешани ги врзува и иста судбина. Подеднакво се селат верниците од четирите цркви во потрага по подобар живот и посигурна иднина. Во селото има се помалку млади и деца, а повеќе возрасни, кои останати сами да се снаоѓаат во осаменоста и староста.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе