Вести Македонија Топ вести

Нов рекорд на македонските патишта, 224 км/час на патот Штип-Свети Николе

Рано насабајле, на автопатот Штип- Свети Николе, 25-годишен возач го урна рекордот на брзина фатен со дигиталните сообраќајни мерачи. Иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е до максимум 130 километри на час, младиот шофер возел 224 км/час.

Сообраќајните полицајци успеале да го сопрат и да му пишат казна. До Нова година, рекордот утврден со полициски мерачи беше 210 км/час.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип кон Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршил безбедносните норми за останатите учесници во сообраќајот, објави МВР.

Во текот на вчерашниот ден (06.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 407 возачи. Од нив 86 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 26 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 288 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе