Тетовчани ќе ви речат дека имаат најубава традиција за Бадник. Денот за маскенбал, кој е специфичен само за овој град. Која маска ќе се одбере, и како ќе изгледа, се осмислува денови наназад, за да се биде уникатен.
По едногодишна пауза поради пандемијата и онлајн маскенбал, синоќа Бадник се прослави во кафулињата и рестораните.
Традицијата на прослава на Бадник трае одамна, истражувал новинарот Зоран Андонов. Тој вели дека постои иницијатива Маскенбалот да се брендира, но досега таа идеја е далеку од реализација.
Дел од традицијата за Бадник во Тетово е палењето на оган во вечерните часови речиси во сите градски маала. Најмалите, пак, со песната Бадњабаба, на вратите на домовите го најавуваат Христовото раѓање, добивајќи подароци.
Данијела Билбилоска
