Вести Македонија

Полицијата ќе испитува дали казината во Дојран издавале лажни негативни тестови на Ковид-19

Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема добиено пријава за издавање на лажни негативни тестови во дојранските казина.

До овој момент таква претставка нема пристигнато во Инспекторатот вели директорката Бухова.

Таа потенцира дека можат да направат вонреден инспекциски надзор и по допрен глас, да ја утврдат затекнатата состојба, но, би требало да знаат за кој објект станува збор.

Засега истрагата е во рацете на полицијата. Но, и до МВР немало пријава за издавање лажни сертификати. Оттаму информираат дека ќе ја проверат информацијата што ја објави грчката телевизија Опен, каде тврдат дека во казината коишто се наоѓаат на граничниот премин Дојран-Дојрани се издаваат лажни негативни тестови на Ковид-19.

Според објавената сторија, ова било откриено кога во еден ден од 45 патници на кои им бил направен брз тест, девет биле позитивни на ковид-19, а сите со себе носеле негативен тест.

Телевизијата неведува дека некои од казината негативниот тест го давале на клиентите без да направат никакво тестирање.

Извори за Телма велат дека овој случај можат да го проверат граничните полиции на двете земји со размена на податоците за лицата што биле позитивни при тестирањето на граничниот премин.

Од нивните тестови треба да се провери која здравствена установа ги издала и дали се заверени во лабораторија.

Дојранскиот градоначалник  ги повика институциите да го испитат случајот, бидејќи ваквите наводи му штетат на угледот на Дојран.

Во Дојран има четири казина, но во моментов работат само две.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе