Заводот за ревизија и испорача на Службата за општи и заеднички работи на Владата неповолно мислење за извршениот попис на средствата, побарувањата и обврските оценувајќи го како нецелосно и оти во одредени сегменти не е постапено согласно законската регулатива.
Според ревизорот СОЗР не воспоставила внатрешна евиденција на недвижни ствари кои ги користи Службата, а немала воспоставено ниту единица за внатрешна евиденција.
Ревизијата утврдила и дека биле евиднетирани недвижни ствари за кои недостасуваат вредности, поради што истите не можат да бидат внесени во деловните книги.
Има неусогласеност и во попишаните возила со кои располага одделенито за превоз на владината служба за општи работи, а биле утврдени и кусоци и вишоци во залихите на стоки на СОЗР.
Меѓу другото ревизорот утврдил и неусогласеност во салдата од обврските кон добавувачите, но и кон купувачите.
„Утврдени се разлики во количините и набавениот износ на артикл во лагер листата и аналитичката евиденција на ден 22.07.2021 година при проверка на лице место и издавање на количини без поединечна набавна цена и вредност. Податоците во софтврескиот програм за вредноста на залихите на материјали во 2020 година не се реално прикажани“, се наведува во ревизорскиот извештај за СОЗР.
Побарувањата од правни лица на СОЗР се во вкупен износ од 5 милиони 450.000 денари по основ на рефундација, закупнина, копирање, превоз, без притоа од пописната комисија во СОЗР да биде наведена причина за застареност или за преземени мерки по тој основ од страна на службите. Утврдени се и сомнителни и спорни побарувања од купувачи во висина од 770.000 денари, а при наведени две побарувања, објаснета е причината за само едно побарување.
Финансискиот извештај пак со биланс на состојба од 31.12.2020 прикажал и вонбилансна евиденција во висина од 126 милиони 123.000 денари кои се однесуваат на објекти без имотни листови, опрема за возила, разходовани возила, возила кои се преотстапени, возила на лизинг, ХТЗ опрема од надворешен економски оператор кој повеќе не постои како правно лице. Ревизијата притоа утврдила дека дел од вонбилансно евидентираните објекти се урнати – непостоечки, а дел немаат имотни листови и регулиран имотно правен статус, а дел од опремата е преотстапена или продадена изминатите години.
„Горенаведената состојба освен за дел од објектите и возилата набавени со договор со лизинг, имаат ефект на нереално искажана вонбилансна евиденција, што не е во согласност со член 19 од Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници“, стои во ревизијата.
Притоа ревизорот и препорачува на СОЗР на Владата да обезбеди соодветна документација за регулирање на имотно правниот статус на недвижностите и изготвување на информација до Владата за објектите кои повеќе не постојат заради нивно отпишување од евиднецијата.
Увидот во пописот на СОЗР за 2020 година покажало недостатоци кај одделни пописни комисии во Службата кои се повторувале во континуитет.
Притоа утврден кусок на опрема во МНР која останала во Министерството при селење на Владата во нови простории во 1994 година за што не било направено примопредавање, а од тогаш до денеска СОЗР нема увид во состојбата и движењето на таа опрема.
Кусок на опрема има и на локации надвор од земјава и тоа на една локација во Цавтат, Хрватска и на пет локации во Белград Србија, каде не е спроведен попис последните 20 години, а за кои уште во 2009 година е побарано со посредство на МНР да се регулира нивниот сопственички статус.
Дури во август 2021 преземени се активности за отпис на основните средства на овие шест локации надвор од Македонија.
Ревизорот освен недоследности во пописот кај недвижниот, утврдил недоследности и кај движниот имот на СОЗР.
Кусок е утврден и во пописот на опрема, како што се вградени навигациски уреди и аудио апарати кои останале во возилата кои СОЗР ги преотстапила или продала, како и кусок на мебел, електирични апарати, телефони кои биле отстранети од просториите на владата во 2017 година.
Меѓу другото утврден е и кусок на мобилни телефонски апарати. Како загубени или украдени се водат пет од кои СОЗР документациија има само за еден – загубен во странство во 2016 година, додека за 28 мобилни телефони дадени на користење во 2015 година на одделението за обезбедување на премиерот, утврдено е дека СОЗР не располага со документација за нив.
Тамара Грнчароска
