Вести Македонија

Француската амбасадорка во Албанија смета дека Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Француската амбасадорка во Албанија, Елизабет Барсак, изјави дека Албанија и Северна Македонија не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интреграцијата во ЕУ.

Во интервју за Еуроњуз Албанија, Барсак призна дека желбата за раздвојување на двете земји доаѓа од фрустрацијата поради ветото на Бугарија за Северна Македонија.

-Во однос на ова прашање, верувам дека треба да ја надминеме идејата дека овие два народа можат да се разделат. Знам дека многумина велат дека овие две земји биле третирани како една и бидејќи работите не одат толку добро меѓу Северна Македонија и Бугарија, тогаш тие треба да се раздвојат. Ова треба да се надмине и треба да дадеме се од себе за да може двете меѓувладини конференции да се одржат во исто време, изјави Барсак.

Албанскиот премиер Еди Рама, за време на неговото последно обраќање до нацијата во 2021 година, на 31 декември,  рече дека ќе се обиде да го одвои патот на Албанија од Северна Македонија, доколку Бугарија опстои на своето вето. Европските дипломати и политичари, меѓутоа, континуирано се изразуваат против овој предлог.

Иако и Албанија и Северна Македонија формално ги исполнија сите барања, во јуни, лани, Советот за општи работи на ЕУ не успеа да постигне договор за почеток на пристапните преговори со ЕУ, поради бугарското вето за Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе