Вести Македонија

Независните советници од Македонски Брод се приклучија на ЛДП

Независните советници од Македонски Брод, Даниел Максимоски и Бране Јованоски одлучија да се приклучат на ЛДП. Започнувајќи од 1 јануари тие веќе делуваат во Советот на Општина Македонски Брод како советници на ЛДП.

– Вратите на ЛДП остануваат отворени и за други заинтересирани граѓански активисти кои изразуваат спремност да се приклучат кон ЛДП, а бројот на советници на ЛДП следниот период ќе се зголемува, рече претседателот на ЛДП Горан Милевски.

Тој ја поздрави одлуката на советниците и изјави дека го радува фактот што се повеќе независни советници кои гравитираат на центарот ја препознаваат ЛДП како автентична трета опција која им припаѓа на граѓанскиот центар.

Максимоски на локалните избори освои 9,94% од гласовите, а Јованоски 8,81%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе