Грипот „коси“ во Полошко. Најчесто на удар е помладата популација, односно средношколците.
Покачена температура дури и до 40-тиот степен е симптомот кој најмногу се забележува кај случаите на сезонски грип, чија бројка во изминатата недела расте, забележуваат матичните лекари во секојдневната работа.
Клиничката слика е различна од ковид 19, но во одредени случаи потребно е и тестирање.
Лекарите велат дека според досегашното искуство, пикот на сезонскиот грип е следните месеци, па затоа препорачуваат хронично болните да се вакцинираат.
Според извештајот на Институот за јавно здравје, во текот на 50-тата недела од 2021 година во земјава се пријавени 144 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.
Бројот е зголемен во споредба со минатата сезона. Заболените се пријавени од десет ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 41, во Гостивар – 26, во Охрид – 22, во Тетово –
20, во Куманово – 16 и во пет ЦЈЗ/ПЕ бројот на регистрирани е помал од 10.
Данијела Билбилоска
