Вести Македонија Топ вести

Ристевска Јорданова: Јавноста треба да знае кој е одговорот на македонската влада на бугарските барања 5+1

Јавноста треба да знае кој е одговорот на македонската влада на бугарските барања 5+1, рече Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика, на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин.

  • Ние сега ќе се занимаваме со надградбата како што вели бугарскиот премиер Петков со работните групи со коишто треба да се интензивира соработката, меѓутоа како е тоа поврзано со суштинската условеност за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ и нивната блокада, која е блокада на преговарашката рамка. Немавме меѓувладина конференција затоа што не беше усвоена преговарачката рамка, значи Бугарија бара измени на преговарачката рамка. Како тоа ќе биде артикулирано, тоа е клучното прашање. И како тоа може да се артикулира низ некакви директни преговори меѓу нас и Бугарија без да имаме улога на претседателството, односно Советот на ЕУ. Значи тие прашања како да се тргаат на страна, не се кажува што е со „пет плус еден“, а тоа се всушност интерпретирани некои од барањата токму од рамковната позиција на Бугарија, рече Ристевска Јорданова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Како се трошат милиони: Десет од избирачки одбор пребројувале 7 гласови и чекаат втор круг на далечниот исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе