Јавноста треба да знае кој е одговорот на македонската влада на бугарските барања 5+1, рече Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика, на вечерашното гостување во емисијата Вин Вин.
- Ние сега ќе се занимаваме со надградбата како што вели бугарскиот премиер Петков со работните групи со коишто треба да се интензивира соработката, меѓутоа како е тоа поврзано со суштинската условеност за отпочнување на преговори на Македонија со ЕУ и нивната блокада, која е блокада на преговарашката рамка. Немавме меѓувладина конференција затоа што не беше усвоена преговарачката рамка, значи Бугарија бара измени на преговарачката рамка. Како тоа ќе биде артикулирано, тоа е клучното прашање. И како тоа може да се артикулира низ некакви директни преговори меѓу нас и Бугарија без да имаме улога на претседателството, односно Советот на ЕУ. Значи тие прашања како да се тргаат на страна, не се кажува што е со „пет плус еден“, а тоа се всушност интерпретирани некои од барањата токму од рамковната позиција на Бугарија, рече Ристевска Јорданова.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.