Мицкоски во својот говор по неговиот реизбор најави нова политика и концепт на заедништво, наречен Нов договор општествен консезус на сите рамноправни чинители околу заеднички патриотизам.
На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оТелотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Таквиот општествен договор кој ќе го понуди заедничкиот патриотизам е враќање на нашите надежи за тоа како требаше да изгледа државата во моментите кога се создаваше, како активна целина на рамноправни чинители, која ќе обезбеди праведен напредок и еднакви можности за сите, од која идеја длабоко низ овие 3 децении се застрани, рече резибраниот лидер на партијата.
Рече дека партијата сега влегува во втората епоха, односно општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец кои ќе ја донесат новата иднина. Дијалог со професорите, со писателите, научниците, младите, студентите, синдикатите, стопанството, коморите. Дијалог со луѓето поттурнати настрана, а чиј глас го сочинува она што го викам тивкото мнозинство, рече тој.
Да постигнеме економски стандард како во една Австрија, рече Мицкоски и дефинираше цели: ниски даноци, сузбивање на криминалот, влез во ЕУ, заштита на националните интереси.
Да постигнеме едноцифрена невработеност. Во образованието да имаме универзитет во првите 500 според Шангајската листа.
