Вести Ковид19 Свет

ФДА го одобри лекот на Астра Зенека против Ковид-19

Американската агенција за храна и лекови го одобри лекот на Астра Зенека против коронавирус – „Евушелд“.

Тоа е коктел од антитела што ја спречува инфекцијата на лицата со ослабен имунитет и оние кои имале силни несакани ефекти од вакцинацијата.

Лекот е одобрен само за возрасни и адолесценти кои досега не биле заразени, ниту пак биле во контакт со заразени лица.

Истражувањата покажале дека лекот ја спречува инфекцијата со Ковид и манифестирањето на симптомите во 77 отсто од случаите.

Предвидено е лекот да се дава во две инјекции, а заштитата трае од седум месеци до една година.

Иако вакцините се најефикасна заштита од Ковид-19, на луѓето со ослабен имунитет и на оние кои лошо реагирале на вакцините им треба алтернатива, сметаат од ФДА.

Коктел со антитела може да спречи, во раните фази, развој на тешка клиничка слика на Ковид.

Вакцината на Астра Зенека сè уште не е одобрена во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Акцискиот план за малцинствата станува нова пречка од Бугарија за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе