Вести Локални избори 2021 Македонија

Изборен ден во Дебар, ама патот кон градот затворен поради градежни работи на делницата Маврови Анови–Жировница

Денеска во Дебар се одржува вториот круг од локалните избори. Жителите кои живеат во другите градови не може да гласаат поради тоа што патот од Маврово кон Дебар е затворен.

Од АМСМ за Телма изјавија дека од 24.08.2021 година во период од 10:00 до 16:00 часот, во времетраење од 90 дена ќе важи времена измена на режимот на сообраќај, поради грaдежни активности – асфалтирање, со комплетно затворање на делницата Маврови Анови – Жировница (од браната).

За затворањето на патот реагираа и од една политичка партија чиј кандидат е на изборното ливче.

„Во недела, на денот на гласањето, од утринските часови се изведуваат работите на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и следствено овој патен правец се држи блокиран. Ваквата состојба ги спречи многу жители на Дебар кои се привремено вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право. Апелираме надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои наредиле вакво сценарио“, се вели во партиското соопштение.

Од СВР-Охрид велат дека не е присутна полиција на овој патен правец, туку приватно обезбедување кое е ангажирано од фирмата изведувач.

Од агенцијата за обезбедување „Вардар обезбедување“,  пак за Телма изјавија дека сите граѓани кои патуваат по овој патен правец по проверка на податоци дали се жители на општина Дебар се пропуштаат.

Мартин Николовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе