Вести Економија Македонија

Техничка или стручна грешка во текстот на Уредбата за енергетска криза објавен во Службен Весник, рестрикциите регулирани со завршна одредба

Во текстот од уредбата за енергетска криза има голема грешка токму во делот со кој се регулираат ограничувањата односно рестрикциите.

Во членот 7 кој ги регулира мерките кои се преземаат во став 1 алинеја (2) стои: ограничување на потрошувачка на електрична енергија во согласност со член 10 од оваа уредба.

Во посочениот член 10 всушност нема никакво објаснување туку е завршна одредба со која се укинува претходната Уредба од 2012-та година.

За откриеното информиравме и прашавме во надлежните институции и првичното објаснување е дека најверојатно станува грешка, но ќе биде проверено.

Од друга страна ограничувањата се регулирани во членот 9, па може и да се претпостави дека станува збор за техничка грешка иако тоа значи дека ќе треба исправка во електронската верзија на Службен весник. 

Во продолжение и двата члена од Уредбата, која е објавена во целосна верзија и на веб сајтот на Телма.

Мерки што се преземаат во случај на кризна состојба
Член 7
(1) Заради создавање услови за рационално користење на електрична енергија во услови на кризна состојба, во зависност од проценките од член 5 од оваа уредба, може да се преземаат следните мерки:
1) мерки утврдени во плановите од член 4 став (6) точка 5) од оваа уредба,
2) ограничување на потрошувачка на електрична енергија во согласност со член 10 од оваа уредба и…

VI. Завршна одредба

Член 10

Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба престанува да важи Уредбата за
критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, начинот на снабдување со
електрична енергија во овие услови, мерките што се преземаат во случај на кризна
состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на енергетски
дејности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/12)

Името на уредбата целосно изгледа вака:

УРЕДБА ЗА КРИТЕРИУМИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО СЛУЧАИ НА ВРЕМЕНСКИ И ПРИРОДНИ НЕПОГОДИ, ХАВАРИИ И НАРУШУВАЊА НА ПАЗАРИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА, НАЧИНОТ НА СНАБДУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО КРИЗНА СОСТОЈБА, МЕРКИТЕ ШТО СЕ ПРЕЗЕМААТ ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗНА СОСТОЈБА, КАКО И ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИЦЕНЦИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ДЕЈНОСТИ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе