Вести Локални избори 2021 Македонија

Максим Димитреивски на гласањето порача Кумановци да изберат

Максим Димитриевски при гласањето порача: Кумановци нека одлучат за иднината во Куманово, граѓаните самостојно да одлучат.

Димитриевски е независен кандидат и сега за мандат во Куманово се бори со доскорешната своја партија СДСМ која го кандидираше Оливер Илиевски.

Изборите во Куманово се меѓу најинтересните, а во првиот круг разликата меѓу Димитриевски и Илиевски беше само 22 гласа.

„Го остварив своето право и гласав. Кумановци нека одлучат за иднината на Куманово! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат“, рече Димитриевски, кој е актуелен градоначалник на Куманово и се бори како независен, откако првиот мандат го обезбеди со СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе