Македонија Топ вести

22 годишниот починат од Ковид секој ден одел на лекарски прегледи

Од Министерството за здравство за 22-годишниот пациент од Битола, кој починал изминатото деноноќие велат дека бил со прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања. Не бил вакциниран, а три дена со ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат.

Пациентот бил позитивен на ковид од 9-ти октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10-ти октомври, на инфективното одделение во битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.

Бил на лекарски преглед и следниот ден на 11 октомври, а наредниот ден, на 12-ти октомври му биле закажани контролни анализи.

Истиот ден, на 12-ти октомври, поради влошување на рендгенолошкиот наод и лабораториски анализи, бил задржан во болница. Бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија.

Состојбата нагло му се влошила и починал вчера.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе