Македонија

Намалена казната за екс судијата Владимир Панчевски на две и пол години затвор

Наместо три години и шест месеци, екс судијата и претседател на Кривичен суд – Скопје Владимир Панчевски доби намалена затворска казна за една година. Апелациониот суд Скопје ја прифатил неговата жалба и ја намалил затворската казна на две и пол години.

Jа преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ СЕ ОСУДУВА на казна затвор во траење од 2 (две) години и 6 (шест) месеци, во која казна согласно чл.47 од Кривичниот законик му се засметува и времето поминато во притвор, сметано од 15.07.2020 година до 04.08.2020 година, велат од судот во Велес.

Судскиот процес кој се водеше во Велес за да се избегнат влијанија заврши експресно лани во август, а Панчевски беше ослободен од притворот при изрекување на пресудата. Претходно пак тој беше во бегство, а сам се пријави на издржување на притворот каде помина 20 денови. Сега пресудата е правосилна па Панчевски ќе треба да се јави на извршување на казната.

Осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаи на Специјалното јавно обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласањето ќе продолжи на места во Демир Хисар, во Липково, во Делчево и во Могила поради прекини повеќе од еден час

Дејан Дејан

ЗНАМ: Делумно фер и демократски избори

Дејан Дејан

Адеми: Граѓаните го доверија гласот на Бујар Османи и Европскиот фронт, очекуваме голема победа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе