Македонија Најважни

Претепана и силувана петнаесетгодишна девојка во Велес

Голема ширинка, многу клупи и центар на градот Велес – место идеално за вечерни излегувања и различни средби. Но, овде, во населбата Дворови во Велес, во саботата се случувал хорор наместо мирна летна вечер.

На ова место често се собираат младите, ни велат локалните жители кои живеат во близина и се навикнати на бучна околина. Неретко и реагираат.

Во велешката полиција пристигнала пријава дури утредента, односно во недела наутро. Девојчето само пријавило во полиција – нешто што не се случува често во ситуации како оваа кога штитеници на домот побегнуваат и се жртви на малтретирање. Две лица веќе се повикани на разговор.

Петнаесетгодишното девојче штитеничка на дом за деца без родители, во саботата попладнето се оддалечила од зградата кадешто е згрижена. Во полициската станица во Центар стигнала пријава дека девојчето е исчезнато.

Неколку часа подоцна, таа била во Велес – како што неофицијално дознава Телма, заедно со поголема група велешани со коишто таа се познавала. Била истепана, сексуално злоставувана, а потоа и веднаш однесена во болница на прегледи.

Вакви немили настани се случувале и во минатото, а има и пресуди. Во 2018 година злоставувачите на 12 годишно девојче кое забремени по сексуален напад, беа осудени на 12 и 13 години затвор. Неколку месеци потоа едната казна, на подведувачката на девојчето, Апелација ја преиначи на 17 години.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе