Македонија

Спасовски: Се утврдува вината за сообраќајната незгода во која е вклучен Зоран Милески

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста.

Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност. Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто на презентацијата на реконструираниот објект на СВР Куманово не присуствува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека ниту еден од кандидатите за градоначалници не е поканет на настанот.

Сепак, веќе започнува предизборната кампања и како што гледате, ниту еден од кандидатите за градоначалници кои се споменуваат не се тука. Би било неблагодарно да доаѓаат на објект за кој што немаат ништо вложено и да биде присутен само еден од кандидатите, така што не сакам да го политизираме овој дел, изјави Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе