Македонија

Промовирана поштенска марка по повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија

По повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија, А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје издаде пригодна поштенска марка, која денеска беше промовирана во главната шалтер сала на Дирекцијата на Поштата.

На настанот се обрати премиерот Зоран Заев кој посочи дека поштенската марка е издадена според програмата одобрена од Владата и е дел од годишната програма за издавање поштенски марки на поштата. Оваа црвена пригодна поштенска марка, додаде премиерот, ќе биде украс на писмата и понатаму ќе биде историски сведок на времето кога граѓаните на тогашна Република Македонија донесоа историска одлука и гласаа „за“ независноста и „за“ суверенитетот.

Пригодната марка промовирана денеска ќе остане своевиден доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна своја држава и еве не. 30 години подоцна продлжуваме да ја градиме Република Северна Македонија која е меѓународно призната држава со европски манири, опкружена со пријатели, со лидерите во соседството со кој се среќаваме соработуваме со цел обезбедување стабилна економска иднина за сите граѓани во регионот, истакна Заев.

Директорот на А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ Јани Макрадули нагласи дека почетокот на независноста го одбележа со пригодна поштенска марка, од која „симболички ечеа зурли и тапани“.

Денес, ја промовираме поштенската марка, издадена во 6.000 примероци, со номиналната вредност од 72 денари. (секако замолувам, деновиве да ја користиме повеќе оваа поштенска марка), на која е стилизирано знамето на нашата држава. Ве уверам дека нема посоодветен објект, од овој простор за одбележување, каде знамето е мотив. Зошто ако погледнеме нагоре, ќе го видиме нашето знаме изградено и вклопено во објект уште од 1974 година. Визија за која човек може да остане само нем, воодушевен гледач, истакна Макрадули.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Викендов почнува летното сметање на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе