Македонија Најважни

Кичеец бил излезен од затворот со медицинска документација, тврдат Заев и Маричиќ

Премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјавија дека Зоран Милевски – Кичеец, кој е осуден на казна затвор и учествуваше во сообраќајна несреќа, излегол од затворот со медицинска документација. Како што најави Маричиќ, Управата за санкции денеска до медиумите ќе испрати официјално соопштение во врска со затворското отсуство на Милевски.

Нормално, разговарав со директорот за санкции Маријан Спасовски и ми ги кажа сите детали и верувам дека и тие ќе објават детали коишто се соопштени, се официјални. Секој издржувач на казна затвор после издржувањето на казната има соодветни права. Овде се работи за комплетирана медицинска документација од здравствени причини која му следува секако на секое лице кое што издржува казни за да може да ги користи посебно со овие аргументации коишто се со соодветни потписи на соодветни лекари, рече Заев.

Не знае, додаде, зошто Милевски патувал кон Скопје и зошто со тие луѓе.

Треба да прашате, затоа што ако е здравствена документација може да се оди до болница, може се оди во главниот град со какви било причини, но дефинитивно тоа е согласно закон, тоа е право кое што му следува на секој издржувач на казна, рече Заев.

Министерот за правда Маричиќ рече дека исто така како и премиерот разговарал со директорот на Управата за санкции и побарал да состават официјална информација која што ќе ја достават до медиумите.

Она што ми го кажа директорот на Управата е дека тоа што го објавиле во име на Управата со соопштение е точната верзија. Мислам дека се работи за моментална некоординација или разлика во датумите, меѓутоа суштината е дека врз база на медицинска документација добил затвореникот 30-дневен прекин на издржување на казната со цел да ги заврши тие медицински работи и потоа да се врати на издржување, рече Маричиќ.

Кажа дека од Управата за санкции денеска треба да објават повеќе детали, и дека за викендот дадоа првична информација.

Ние замоливме да направат детална информација во која што ќе ги известат медиумите и ќе ја расчистат оваа дилема што излезе во јавноста. Меѓутоа, ова не е ниту прв, ниту последен затвореник којшто ги користел овие погодности врз база на оправдана медицинска документација и согласно законот претходно одобрение и на директорот на затворот каде што ја издржува казната и на директорот на Управата за санкции коишто се надлежни и даваат вакви допусти за прекин на издржување на казната, рече министерот за правда на настанот по повод промоција на поштенска марка за 30 – годишнината од независноста на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експертско предупредување за креми за изгореници кои се продаваат на интернет- кочанската болница има услови за третман на повредените во пожарот, но нема кадар и материјали

Дејан Дејан

Тумановски: Секоја брза правда носи и голем број на недостатоци

Дејан Дејан

Промовирана првата директна авиолинија на Туркиш Ерлајнс, Истанбул – Охрид 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе