Владимир Tуфегџиќ веќе не е судија во Кривичниот суд. За неговото разрешување гласаа членовите на Судскиот совет, на негово барање. Туфегџиќ претходно го најави своето заминување, и побара од Судскиот совет да го ослободи од функцијата судија, за да може да се занимава со адвокатура. Тој кажа дека одлуката ја донел внимавајќи, пред сè, на започнатите предмети, и обврските преземени со годишниот распоред на судии за годинава, иако повеќе од 15 предмети стојат отворени во различни фази од постапката во Кривичниот суд во Скопје.
Владимир Tуфегџиќ веќе не е судија во Кривичниот суд
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
