Македонија Најважни

3 години работел во дипломатија – МНР не знаеле дека сторил кривично дело

Министерот за надворешни работи Бујар ОСмани најави ветинг во редовите на дипломатијата. Ќе се проверуваат одлуките за испраќање на лица надвор од земјата, какви сертифаикти поседуваат и дали за нив се водат истраги. Случајот со заменик-шефот на мисијата на ОБСЕ во АВстрија Миле Миленковски ги откри проспустите во МНР. Кога ќе започне и заврши ветингот, Османи кус со детали.

Три години Миленковски се барал со меѓународна потерница под сомнеж дека во 2018-та заедно со уште две лица на македонската дипломатија организирал акција за извлекување на обвинет владин фукционер на Ерменија со лет до Австрија, но затоа неговите претпоставени ништо не знаеле.

Многу прашања малку одговори од надлежните откако медиумот „Коха“ лансираше вест дека Миленковски е упасен и скоро една седмица српските власти го држат во притвор во Врање.

И покрај инцидентот во 2018-та, пред неколку месеци Миленкоски повторно е реизбран на конкурсот на МНР за заменик шеф на Мисијата на Македонија во ОБСЕ во Виена.

Покрај тоа, за неговото назначување овојпат се вели дека било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР, но засега таква потврда нема од МНР.

Кој потфрлил во случајот на Миленковски е прашање и до Агенцијата за национална безбедност која ги издава сертификатите по претохдни проверки за безбедност, документ без кој Миленковски не можел да ја извршува функцијата во Виена, Австрија.

Екстрадициониот притвор во Врање, Миленковски го дели со уште еден негов пензиониран колега од дипломатијата додека се средуваат документите за испорака во Австрија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе