Македонија Најважни

Полошкиот регион бележи најголем број смртни случаи во четвртиот бран на пандемијата

Тетово е на врвот на листата по бројот на смртни случаи од ковид 19, а зад него е и Гостивар, што се должи на нискиот процент на вакцинација во овие градови. Според Министерството за здравство во земјава за речиси еден месец починале вкупно 480 лица, од кои најголем процент од починатите биле невакцинирани. Невакцинирани се и најголем дел од новозаразените. Дополнителен проблем за лекарите е што пациентите доцна се јавуваат на лекар.

Полошкиот регион бележи најголем број смртни случаи во четвртиот бран на пандемијата. По компликации на ковид 19 починале 106 лица во Тетово, а 73 во Гостивар. Од Министерството за здравство информираат дека смртноста е драстично поголема во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани.

 Тетово, го пречека бранот само со 19% опфат на вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, односно до крајот на август изнесуваше под 30%, а бројот на починати со ковид е 73“.

Според анализите на Министерството и кај починатите и кај новозаразените најголем процент се невакцинирани. Во период од речиси еден месец во земјава евидентирани се 22 416 нови случаи на позитивни на ковид 19, од кои невакцинирани се 18 225 граѓани. И процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87 отсто, додека од вкупно 480 починати лица, 429 не биле вакцинирани.

Бројката на починати во Тетово секојдневно се зголемува, така што и во изминатите 24 часа починаа 4 лица.

Со оглед на тоа дека дел од лицата со ковид 19 не бараат лекарска помош или не се во можност да дојдат до болница, поради што се често завршуваат со фатални последици, се обративме до Министерството за здравство со прашање како се постапува во случаите кога има лица со ковид во руралните средини и повисоките планински села и дали има патронажни медицински екипи? од каде одговорија дека Министерството постојано повикува и при најмал симптом пациентите да се консултираат со лекар за да не ескалира состојбата со болеста и дека ниту еден пациент кој повикал или стапил во контакт со лекар, не останал без лекарска грижа без разлика дали живее во рурална или градска средина.

Данијела Билбилоска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе