Поставен централниот довод за кислород на Инфективното одделение, кое се реконструира. Ковид центарот добива дополнителни 60 болнички кревети. Доколку има голем притисок за болнички третман, од вечерва можат да се активираат и неколку соби на ова одделение. Битката со вирусот во модуларната болица ја загубија двајца пациенти.
Двајца пациенти од Виница и Радовиш на 52 и 67 години ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница, каде што се пололнети 40 болнички кревети, а само тројца не се на кислородна поддршка.Десет пациенти кои се со полесна клиничка слика се во Кпжното одделение. Доколку има поголем притисок на пациенти, наредните денови можат да се активираат и неколку болнички соби во Инфективното, каде во тек е реконструкцијата и се поставува централниот довод за кислород.
Интерната статистика покажува дека околу четвртина од починатите и хоспитализираните пациенти се вакцинирано со една или две дози.
МГС тон Ѓеорѓијев почнува од 4.59 отприлика некаде завршува на 5.08 невакцинираниБолницата издвои 2,5 милиони денари за поставување на централниот довод за кислород, со што се добиваат дополнителни 60 болнички кревети во ковид центарот.
Викторија Јованова
