Вести Македонија Топ вести

Училиштата подготвени за сите сценарија за настава, здравство не планира редовни тестирања

Министерката Царовска тврди дека училиштата се подготвени за новата учебна година со физичко присуство. Сепак и покрај фактот дека Царовска ги цитираше  препрокатите на СЗО и УНИЦЕФ и нивната примена, на прашањето зошто се игнорира препораката да се обезбедат брзи тестови за наставниот кадар и учениците, таа со став дека МОН не ги воспоставува самостојно протоколите, туку со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Нашата Комисија за заразни болести не раководи во овој процес и ги слушаме сите нивни препораки. Што ќе одлучат така ќе постапуваме. Министер за образование и наука не коментира здравствени протоколи, ниту нешто што би требало да дојде како препорака од страна на здравствени власти.

Словенија воведе задолжителен тест за невакциинирани наставници, Грција и Бугарија еднаш или два пати неделно да се тестира во училиштата. Министерот Филипче со став дека учебната година треба да почне со физичко присуство,  тестирање ќе има кога ќе има потреба за тоа.

Ќе има тестирање секогаш кога ќе има индикација за тоа и за тоа имаме капацитет апсолутно. Никој не треба да се грижи, а индикацијата ја поставува лекар епидемиолог. Видовме дека пристапот да се изолираат според индикацијата, епидемиолошката анкета е најдобриот критериум кој кога треба да се тестира.

Во меѓувреме доколку се има предвид дека процентот на вакциниран наставен и ненаставен кадар во училиштата е клучен за почетокот на учебната година со физичко присуство МОН и Министерството за здравство си ја префрлаат топката за конкретни податоци на вакцинирани во училиштата по општини .

Тоа нема никаков  проблем ако имате специфично за некоја општина ние не би ги објавувале општина по општина,  но главно е над 70 % денеска вакцинацијата кај наставен, ненаставен , административен кадар,  кај наставен е уште повисока ако го зголемиме и процентот со оние кои имаат прележано во скоро време имаме над 74%.

Средните училишта во Тетово и Гостивар ќе ја започнат учебната година со онлајн настава проади високиот процент на заразени. За одложување на почетокот на учебната година со онлајн настава по барање на родителите е и Кризниот штаб во Кичево побара наставата со физичко присуство да се одложи.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе