Македонија Најважни

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидати

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје.

Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале и 38 независни групи избирачи за советнички листи, а за 26 се во тек.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува законскиот рок за собирање потписи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера пред седиштето на партијата изјави дека Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донеле едногласна одлука да ја поддржат независната кандидатура на актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје.

-Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје, нагласи Мицкоски, при тоа изрази убедување дека Арсовска, која е независен кандидат, ќе победи на претстојните локални избори. Најави дека донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои ќе ги соопштат денеска на прес-конференција.

Разноликоста на листите е потврда за слободата и демократијата, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена.

-Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан.

Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.

Заклучно со 28 август 2021 година, како што соопшти Државната изборна комисија, вкупно 7909 лица се провериле во Избирачкиот список

Од ДИК велат дека се поднесени вкупно 17 барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

 

Исто така, Државната изборна комисија информира дека на нивната мејл адреса „[email protected] се поднесени вкупно 23 барања.

Кандидатурите за градоначалници и за советници до Општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Ова ќе бидат први избори на којшто во земјата ќе се применат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 терминали се очекува во ДИК да бидат во текот на оваа недела по што ќе почне и едукацијата за нивна примена на изборите. Локалните избори ќе се одржат со мерки за заштита од Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Левица најави последен обид за консензус околу Изборниот законик – утрешниот ден е краен рок за да се постигне

Tea Dimkovska

„Охридско лето“ започнува со настап на светските оперски ѕвезди Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе