СДСМ против СДСМ во Куманово, независна кандидатура на поранешен пратеник од НСДП во Скопје, поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, кандидат на ЛДП и ДОМ за Кисела Вода. Списокот на кандидатури за градоначалници и советници за претстојните избори, станува се` поинтересен и подолг. Од вчера, се зголеми за дваесет имиња, од кои потписи се собрани за 39, а се собираат за уште 45 кандидати.
Некогашниот пратеник од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски, почна да собира илјада потписи за независен кандидат за градоначалник на Скопје. Доколку ги собере, ќе биде петтиот кандидат за првата градска функција. Покрај актуелниот градоначалник, Петре Шилегов од СДСМ, потписи веќе собра и поранешната директорка на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска. Претседателката на ССК, Данела Арсовска, се` уште го нема потребниот број на потписи, а актерот и член на бендот „Меморија“, Петар Георгиевсki, познат како Перо Камиказа, ја има поддршката од Левица.
Борбата за Куманово, пак, внесе раздор во СДСМ. Актуелниот градоначалник не ја дочека конечната одлука на партијата и по завчерашните тензии на седницата на извршниот одбор на партијата, одлучи да се кандидира како независен. Ќе има и независна советничка листа, на чие чело ќе биде жена.
На ова реагираа од неговата матична партија, СДСМ.
СДСМ: И од ДОМ и ЛДП денеска излегоа со изненадување. Нивни кандидат за градоначалник на Кисела Вода ќе биде поранешната пратеничка од првиот состав на македонскиот парламент и некогашна функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска. По заминувањето од политиката, Марковска, лекар офтамолог по професија, беше присутна во јавноста како критичарка на политиката на Груевски и на Мицковски.
За противкандидати Марковска ќе ги има Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, кој денеска дојде да се поздрваи со својата противкандидатка и со луѓето кои ја следеа нејзината промоција.
Кандидатите на ДУИ ќе се знаат на 4 септември, иако кај нив засега нема изненадувања. Фатмир Дехари ќе им биде кандидат за Кичево, а нема да има промени ниту за Тетово.
Денеска е официјализирана и коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива. Претседателите на партиите, Христијан Мицкоски, Зијадин Села и Африм Гаши договориле соработка за локалните избори, но начинот и дерталите ќе ги договараат општинските организации.
Далиборка Демјанска
