Вести Македонија

На скопскиот аерoдром се чекаат 30 македонски граѓани евакуирани од Авганистан

Tриесетина македонски граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува во овие моменти да пристигнат во Скопје.

-Во моментов над триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде во секој момент се очекува да се качат на авион и да се упатат за Скопје. Летот со кој е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50, по локално време на меѓународниот аеродром Скопје, информираа од Министерството за надворешни работи.

Екипата на Телма е на Меѓународниот аеродром – Скопје и ќе извести за понатамошните случувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пензионери од Скопје тврдат дека претседателката на Сојузот на пензионери Станка Трајкова е нелегитимно избрана

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе