Македонија Најважни

Сите пријавени македонски граѓани се евакуацирани од Авганистан

Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација од Авганистан веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат во Велика Британија, Катар и Осло, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.

Со тоа, посочуваат од МНР, дека сите наши граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаат информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација.

-Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје; последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка, се вели во соопштението од МНР.

Од МНР, информираат дека во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дваесет метарски ѕид во Дебар Маало при ископување на темели за зграда – соседи стравуваат додека инвеститорот смирува

Tea Dimkovska

Гостиварскиот парк во кој животот го загуби 14-годишното девојче затворен – истрагата се уште трае

Tea Dimkovska

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе