Македонија Најважни

Од 1 септември влез или излез од земјата со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР- тест

Владата ги донесе вечерва новите антиковид мерки по препрака на Комисијата за заразни болести. Од 1 септември сите домашни и странски државјани ќе можат да влезат во земјата на граничните премини само со потврда за вакцина, или потврда за прележам ковид во последните 45 дена од денот на оздравување или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За македонските граѓани кои по 1 сепрември че се вратат во државата, а немаат ниту една од овие потврди, ќе им се одреди 7-дневен карантин во домашна изолација. Странците ќе можат да транзитираат низ државата но само во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава.

На седницата Владата ги усвоила и мерките за угостителските објекти, кладилниците, казината  и настаните на отворено за каде е потребна потврда за вакцинација или за прележан Ковид., кои стапуваат на сила утре.

Овие мерки ќе важат и за затворените делови на шопинг моловите. Редарска служба е задолѓителна секаде каде шпто ќе има над 30 гости. Останува забраната за свадби и забави на затворено, но други настани се дозволуваат со 30 отсто исполнетост на капацитетот со потребните потврди. На седницата Владата го усвоила и протоколот за превентивни мерки за спроведување на Пописот, како и за настава со физично присуство во сите училишта.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе