Македонија Најважни

Македонците извлечени, талибанската инвазија може да предизвика нов авганистански бегалски бран

Како поминуваат деновите се засилуваат барањата за прием на бегалци од Авганистан, кои работеле за странските сили и за граѓанските организации за осовременување на авганистанското општество. Утрово пристигнало уште едно барање, Македонија привремено да ги засолни семејствата на вработените од бирото во Кабул на американскиот Национален демократски институт-НДИ. Со ова барање досега бројката се покачи на вкупно 386-мина, главно жени и деца од Авганистан за кои е побарано засолниште во Македонија, пред да бидат згрижени во САД или другите западни земји.

Но, овој контролиран бран всушност најверојатно ќе биде загревање за нов огромен бран бегалци кои ќе тргнат кон западна Европа или поради лоши животни услови или поради предвидениот ризик за живеење во идниот талибански емират.

Европските лидери ќе се договараат како да постапат и како да се подготват за евентуална бегалско-мигрантска криза, откако Грција утрово соопшти дека нашиот јужен сосед нема да биде влезна порта кон Европа. Како што пренесе МИА грчкиот министер за миграција и азил Нотис Митаракис побарал заедничко европско решение за кризата која стигна многу побргу поради брзиот распад на Авганистан пред талибанските напади. Грција бара строго чување на европските граници и почитување на одлуката дека Турција е безбедна земја.

Турција пак веќе со години на границата со Иран гради анти-бегалски ѕид кој во екот на талибанската офанзива беше посетен од турски официјални лица.

Состојбата во Кабул засега е смирена, нема потврда за одмазднички акции на талибанците, а аеродромот е под американска контрола. Тоа овозможи полесен проток на авиони иако здравствената помош за Авганистан засега е во прекин, предупреди Светската здравствена организација.

Три групи македонски државјани утрово се евакуирани, едни во Катар, други во Дубаи. Над 60-тина се веќе извлечени. Телма контактираше со македонец кој уште е во базата до аеродромот во Кабул заедно со уште десет свои колеги кои очекуваат извлекување дури вечерва. Засега уште 14 Македонци се останати во Кабул.

Останатите со чии роднини контактиравме веќе се излезени во Авганистан и се подготвуваат за враќање во државата преку Лондон и другите арапски држави. Се чувствуваат добро и оствариле контакти со македонските дипломати и со најблиските.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Власта прифати два опозициски амандмани за време на расправата за ребаланс на буџетот

Tea Dimkovska

Јаневска: Можно е затворање на пет универзитети и исто толку институти

Tea Dimkovska

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе