Македонија Топ вести

(видео)Вклучени сирени за поздрав, македонски знамиња на возилата- Словенците и Австријците си заминаа од Малешевијата

По двонеделна борба со пожарите, австриските и словенечките пожарникари утрово си заминаа од Малешевијата, со македонски знамиња на возилата. Се поздравија со малешевци со звучна сигнализација, а тие, пак, претходните вечери организираа забави  во нивна чест и во Пехчево и во Берово. Беровскиот градоначалник им додели благодарници, а добија и скромни подароци и македонско вино.

Регискиот командир на пожарникарите од Словенија, за порталот Малеш Нет изрази голема благодарност за гостопримливоста на нашиот народ потенцирајќи дека сите се позитивно изненадени од грижата кон нив.

-Вакви добри луѓе никаде не сме виделе, би сакале да останеме уште тука бидејќи се чувствуваме како дома, но не чека нашата следна мисија и мораме да се вратиме.Ветуваме сите дека повторно ќе дојдеме, но овојпат за добро, како туристи.Чувајте си ги прекрасните шуми кои што ги имате и грижете се за нив сите, изјави Мочник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Судење „ИПАРД“: Преслушување телефонски разговори меѓу обвинетите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе