Македонија Топ вести

НДИ анкета: Заев во водство пред Мицковски, ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ кај анкетираните

Ова истражување е нарачано од американскиот национален демократски институт, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници.

Претседателот Стево Пендаровски дели 4 проценти рејтинг со пратеникот Димитар Апасиев. Изедначени 2 отсто поддршка на прашањето во кој политичар имате доверба од граѓаните добиле Али Ахмети и Зијадин Села. Најголемата поддршка од анкетираните се слеала за Зоран Заев 8 проценти, а 5 отсто одговориле Христијан Мицковски додека,пак, 53 проценти одговриле дека немаат доверба во ниту еден политичар. Истражувањето го нарачал американскиот национален демократски институт, а во периодот од март и април телефонски биле анкетриани 2.410 испитаници.

Ако Заев води пред Мицковски, ВМРО ДПМНЕ со 14 проценти наспрпти 1о за СДСМ води на прашањето за која партија би гласале доколку настапува самостојно на избори. Трета опција за граѓаните е ДУИ со 5 отсто, а Левица и Алијанса на Албанците со еднакви 4 посто поддршка.

Обемното истражување на НДИ ја презентира и поддршка за Европската унија во земјава која е намалена – 67% од испитаниците би гласале за членство во ЕУ, перцепциите за ЕУ се влошени, а 19% се против членството во ЕУ, процент кој во 2018 изнесувал 10%.

Поддршката за НАТО останува висока со 63% , додека противењето на воениот сојуз се зголемило за 9% во однос на 2018, и сега изнесува 24%. Позитивното мислење за Турција, Русија, САД и Кина е зголемено во однос на 2018.

На прашањето „Според ваше мислење, која држава или интернационална институција најмногу ја поддржува вашата земја?“ 26% од анкетираните одговориле Европска Унија (или било која земја од ЕУ) што е пад во довербата споредено со анкетата спроведена во 2018 кога ЕУ имала доверба од 42% кај анкеритарите.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе