Македонија

Спасовски: Приведени 17 лица за подметнување пожари, уште 16 повикани на разговор

Досега се приведени 17 лица, а на разговор во станица повикани се уште 16 други за подметнување пожари. Веќе се поднесени три кривични и две прекршочни пријави, напиша попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Во статусот, Спасовски нагласува дека во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.

Посочува дека МВР останува посветено, како кон превенирање и гасење на пожарите, така и кон спроведување на законот во делот на утврдување на одговорност за подметнување или предизвикување на пожарите.

Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија, напиша Спасовски на Фејсбук.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе