Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата за кандидатите за градоначалници за скопските општини?

ВМРО-ДПМНЕ утврди неколку имиња за кандидати за градоначалници кои ќе треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет во недела, брифираат за Телма високи партиски извори.

Според нив кандидатите кои се веќе утврдени се Даниела Арсовска, претседателката на Сојуз на стопански комори за Град Скопје, Орце Георгиевски, поранешен член на ИК и актуелен советник за Кисела Вода, Бобан Стевковски, поранешен претседател на Унија на млади сили за Гази Баба, Наташа Котлар, историчар за Центар, Дејан Митревски за Аеродром и д-р Александар Стојковски за Ѓорче Петров.

Официјално партијата демнатира дека станува збор за официјален брифинг во однос на имињата за кандидати за градоначалници на наредните локални избори.

ВМРО-ДПМНЕ во најскоро време, во текот на наредната недела ќе излезе со официјална листа на имиња за кандидати за градоначалници во најголем дел од општините за наредните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе