Македонија Топ вести

Јаневска: 19 дена пред почетокот на учебната година Мила Царовска сѐ уште нема модел за настава

„На 19 дена пред почеток на учебната година министерката Мила Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни 3 одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настав, а дел да следат настав онлајн. Тоа е истиот модел, истото како и минатата година кој заврши успешно со тоа што наставата се одвивала по распоред“ истакна на денешната прес-конференција Весна Јаневска од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Опозицијата обвинува дека пред почеток на учебната година во јавноста не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование.

„Не видовме како би изгледал во форма на печатен учебник, односно фотокопија, ниту видовме барем еден изготвен дигитален учебник. За дигитални учебници воопшто не станува збор“, рече Јаневска.

Електронски уреди за следење на наставата исто така нема, ниту за учениците од прво и четврто одделение, ниту за останатите од ранливите групи кои минатата година останаа без уреди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе