Двајца турски државјани и една фирма од Тетово се под истрага дека избегнале да платата акциза за масла од нафта во вредност од 12 илјади евра, бидејќи на царина пријавиле дека носат адитиви.
На 6 март на Блаце и на царината Скопје 1 осомничените пријавиле 60 илјади килограми адитив . Двете пратки биле од испраќач од Обединетите Арапски Емирати и имале царинска декларација за препарати против детонација, за спречување оксидација, за спречување на таложење смола, подобрувачи на вискозитет, антикорозивни препарати. По извршена контрола и земени мостри било утврдено дека се работи за масла добиени од нафта, средни и тешки масла за други намени.
За осомничените, кои се управител и одговорно лице во тетовскоа фирма е побарано притвор бидејки постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото и судија им одредил притвор. Еден од осомничените е веќе во затвор додека друг е веќе во бегство.
