„На 19 дена пред почеток на учебната година министерката Мила Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни 3 одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настав, а дел да следат настав онлајн. Тоа е истиот модел, истото како и минатата година кој заврши успешно со тоа што наставата се одвивала по распоред“ истакна на денешната прес-конференција Весна Јаневска од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Опозицијата обвинува дека пред почеток на учебната година во јавноста не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование.
„Не видовме како би изгледал во форма на печатен учебник, односно фотокопија, ниту видовме барем еден изготвен дигитален учебник. За дигитални учебници воопшто не станува збор“, рече Јаневска.
Електронски уреди за следење на наставата исто така нема, ниту за учениците од прво и четврто одделение, ниту за останатите од ранливите групи кои минатата година останаа без уреди.
