Македонија Топ вести

Фалат попишувачи – ДЗС нуди хонорар и до 40 илајди денари за 25 дена работа

Државниот завод за статистика бара 5.600 теренски попишувачи, 1.500 помалку се пријавиле до денеска на истекот на рокот. Нема доволно попишувачи за скопските општини, Струмица и средините со албанско население. Во Охрид најкритично, туристичката сезона ги превзема сите работоспособни граѓани, оценува директорот на заводот за статистика.

Бројот на инструктори е пополнет, иако можноста за заработка е помала. Според Симовски статистика водела сметка никој од идните теренци да не заработи помалку од 25 илајди денари или 60 денари за едно смејство, 50 за дом, и по 30 денари за секое попишано лице.

Симовски е оптимсит дека попис на 5 септември ќе почне и ќе заврши иако на оваа гломазна теренска операција се соочува со уште две пречки. Заради закажните локални избори Изборниот законик не дозволува рекламирање на државни институции во период пред кампањата, алтка со која Симовски планира да ги стимулира граѓаните да не одбиваат да бидат попишани. Од друга страна, пак, пописот пролетта се одложи заради екот на пандемијата, опасност која одново се заканува со растот на бројот новозаразени. Набавена е заштитна опрема, голем дел до пријавните попишувачи се вакцинирани, а ДЗС и комисијата за заразни болести утре ќе одржи средба за да изработи конкретен план за попишувањето на терен.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе