Македонија Топ вести

Дождот го стиши пожартот во резерватот Јасен, кој тлееше неколку денови

Дождот го стиши пожартот во резерватот Јасен. Неколку денови тлееше но од утрово огнот се разгоре и успеа да префрли од другата страна на сртот кон Матка. Ноќва ќе се дежура а од утре ако е потребно ќе делува и армијата, таков совет добил ЦУК од француските експерти. Јасен е од осбено значење за државата, во него има густа шума, вегетација и дивеч.

Градот и дождот кој вечерва паднаа над резерватот Јасен го стишија огнот кој веќе неколку денови тлееше таму, а од претпладнето успеа да се префрли и на другата страна од сртот кон Матка. Тоа многу им помогна на вработените на јавното претпријатие кои не успеаја да го спречат да се рашири поради непристапниот терен на кој се наоѓа.

Од утрото и попладнето се интервенираше и од воздух но сепак локализирањето на пожарот одеше тешко. Пламени јазици се надвиснуваа и над селото Раовиќ од каде се гледаа пламените јазици.

Инаку во Јасен беше побарана забрана за движење уште пред 1 месец а беа воведени и 24 часовни дежурства, но одговор како настана пожарот за сега нема. спаѓа во посебни природни предели а претпријатието е формирано за заштита на повеќе природни реткости. Не е дозволено да се преземаат дејствија што би можеле да ја нарушат природната рамнотежа во екосистемите, и да ги изменат и автентичните карактеристики. Полн е со диви животни богата флора и фауна.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе