Иако локалните избори се распишани, а со тоа стартуваше забраната за вработувања и разновидни додатоци на плати и социјални исплати, една третина од буџетарите може да се надеваат на поголеми месечни примања. Тоа им го овозможува Владината уредба донесена во последен час, само ден пред закажувањето на изборите за 17-ти октомври. Антикорупциската комисија смета дека тоа е начин да се премости недостигот од системски закон за платите на буџетските корисници, но со оглед на тајмингот, може да се толкува и како предизборен поткуп.
За Ивановска е спорно и немањето доволно прецизни критериуми на кого, за колкав обем на работа и за какви посебни задачи му се доделуваат овие додатоци.
Од Министерството за финансии се уште нема објаснување дали во Буџетот се предвидени средства за оваа намена и за колкава сума се работи.
Уредбата овозможува раководното лице да ги награди вработените кои имале зголемен и специфичен работен ангажман. Ги опфаќа сите 16 министерства, Владата, секретаријатите, Заедничките служби и Државниот завод за ревизија. Од Владата дојде објаснување дека наградата од максимум 30 одсто од платата е предвидена за оние поединци кои понесоа сериозен товар од работата во услови на кризна ситуација како оваа со пожарите и со ковидот, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш препозна селективност и можност за изборна манипулација.
Соња Николовска
