Пожарот во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево е ставен под контрола.
На терен интервенираа четири возила на противпожните екипи од Скопје, кои како што информираше командирот Владимир Симоновски дошле од околината на ОКТА каде гаснеле друг пожар. „Пожарот во Побожје е ставен под контрола и се работи на расчистување на теренот, нашите екипи не дозволија тој да се прошири на соседните куќи“, рече Симоновски за Телма.
Сопственикот на опожарената куќа обвини дека пожарната ја чекал повеќе од еден час и потенцираше дека селото нема вода веќе пет дена.
Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Јован Пејковски демантира дека во селото постојано нема вода. Според него причина е што селото е на високо, што мештаните енормно ја користат за своите насеви и што не го даваат другиот извор.
Репортерот на Телма Сотир Трајков, се јави во живо во вестите во 18.30
