Македонија Најважни

ЦУК: Активни пожари во Делчевско, Скопско, Прилепско и Кумановско, во Беровско ставен под контрола

Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај селото Разловци, а другото кај селото Нов Истевник. Се преземаат активности за надминување на состојбата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во извештајот за состојбата со пожарите во земјава во 8:00 часот.

Оттаму нагласуваат дека според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола, а во текот на денов ќе се догасува на ризичните места.

Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во село Раовиќ, Општина Сарај, а со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на запалена дабова шума во село Дивље и местото викано Крушје во Општина Петровец. Овој пожар беше и кај село Џидимирци, Општина.Велес, каде е локализиран, соопшти ЦУК.

Во Општина Прилеп, се додава во соопштението, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек. Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.

Пожар има и во атар на селата Жељувино и Дренок во Општина Старо Нагоричане. Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема оган и пламен, само има дим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца приведени од кои двајца доктори, претреси на пет локации во Скопје – се проширува истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Обвинителството побара подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници за случајот на врсничко насилство во Аеродром

Sasko Dimovski

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе