На планината Серта, над штипскиот село Драгоево, се уште е активен пожарот, кој од страна на локалните жители е забележан околу 12 часот.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, кој во моментов е на терен заедно со пожарникарите и вработените од ЈП „Национални шуми“ вели дека теренот е непристапен и не може да се пристигне до врвот на ридот, каде што гори и тлее смрека, ниско стеблести растенија и сува трева. Огнените јазици се далеку од околните села и објекти во тој дел на планината.
– Го гледаме чадот, гори на пет места на високиот рид. Нашите пожарникари забележаа траги од мотор, којшто можел да се движи низ непристапниот терен за нашите возила. Очигледно е дека некој намерно го има запалено овој рид на планината Серта, вели Атанасов.
Пожарникарите ги фотографирале трагите од моторот и ги испратија до Телма, со апел да се почитува забраната за движење низ шумиските предели и планините.
Забележуваат дека постојано се на терен и се исцрпини од постајано гаснење на пожари и на сопствената територија, но и во малешевско-пијанечкиот регион.
