Припадници на Армијата, пожарникари, вработени во Македонски шуми и тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување и денес водата битка со пожарите на Бабуна, кај Плетвар. Активни се два краци од огнената стихија, едниот на потегот од селата Ракле, Никодин и Топлица, кој се уште гори, но сега е под контрола, додека пожарот во атарот на селата Дрен и Смолане во ниските предели е изгаснат, но во непристапните делови сеуште е активен.
Од тимотвите на Дирекцијата за заштита и спасување кои се на терен велат дека ветрот им ја отежнува интервенцијата, но сепак пожарот засега се контролира да не дојде до населените места.
Помеѓу селата Смолани и Царевиќ, гореше дабова и борова шума, пожарот е ставен под контрола. Иако чади засега нема опасност од негово ширење. Дува слаб ветер, но се контролира, нема опасност за селата. Екипите се распоредени на различна локација бидејќи станува збор за поголема површина која мора да се контролира, вели Елизабета Апостоловска, Дирекција за заштита и спасување-Битола.
Општинскиот кризен штаб од Прилеп побара воздушна подршка за гаснење на пожарот во овој дел на Бабуна кој е на непристапен терен, затоа што во опасност е густата борова шума.
Овој непристепане терен не дозволува со сите капацитети и ресурси да дејствуваат. Се држи под контрола, но се договоривме со градоначалникот ако има потреба да интервенираме и со летало, вели Горан Стојановски, ЦУК.
Пожарот на Бабуна активен е од 3 август. Пламените јазици претходните денови се доближаа и до околните села, најмногу до Ракле, од каде беа евакуирани двајца постари и тешко подвижни жители. Но, тимовите спречија пламените јазици да се доближат до населените места. Еден крак од овој пожар слезе дури до магистралниот пат Битола-Градско и префли преку коловозот, по што се разгоре делот кај Смолани, кој се уште е активен. Во овие пожари гори сува трева, смрека, дабова шума, а сега зафати дел и од боровата шума кај Смолани.
Емилија Мисирлиевска
