Репортерката на Телма, Тамара Грнчароска и снимателот Влатко Александров цел ден се блиску до огнот во Пехчевско-Делчевскиот крај и известуваат за борбата против огнената стихија во овој крај, кој останува најголемото жарите на пожарите во Македонија.
Гореше шума денеска над селото Робово каде за 15 минути опасно се прошири огнот. Пожарот бргу се шири и во близината на селата Мачево и Будимирци.
Во операциите учествуваат и пожарникарите од Австрија, кои заедно со македонските колеги и голем број локални жители спроведуваат натчовечки напори за спречување на пожарите.
