Телото на 60-годишната Стојанка од селото Челопек, општина Старо Нагоричане, за која нејзиниот животен сопатник Борис Димковски и дел од мештаните тврдат дека загинала во пожарот кој ја изгоре нивната куќа, се уште не е пронајдено. И денеска увидна екипа на МВР трага по телото, но до овој момент ништо не е пронајдено.
Вчера потрагата траеше до 20 часот, но иако со помош на механизација беа разрушени и делови од куќата и рачисчистен теренот, не беше пронајдена ниту трага од жената за која се тврди декабила внатре во куќата, кога куќата горела.
