Македонија

Се повлекуваат сладоледите KIT KAT i Mилка поради пронајден етилен оксид во нив

Операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид, информира АХВ.

Од пазарот, како што прецизираат, се повлекуваат и отповикуваат сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл со сериски број/лот- PL1048 и рок на употреба до 28.02.2023, со потекло од Франција.

-Причина за отповикување е небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето, велат од АХВ.

Заради истата причина се повлекува и сладолед Милка ванила и чоколадо стапче 20х100 мл со сериски број/лот:MI1118, MI1119 и рок на употреба до 30.04.2023, по потекло од Полска, како и сладолед Милка чоколадно стапче со лешник 20х100 мл со сериски број/лот:MI1117 и рок на употреба до 30.04.2023, со потекло исто така од Полска, чиј увозник е АЛМА М.

-Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ се затекнати во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Апелираме крајните потрошувачи, кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, да не ги конзумираат и да ги вратат на местото од каде ги купиле, или да ги уништат, порачуваат од АХВ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе