Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека ќе ги извести сите соодветни меѓународни институции, меѓу кои и Енергетската заедница за континуираните притисоци со кои се соочува во последниот период повторно од страна на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Со оглед на фактот дека ова поведение на г-динот Мицкоски се повторува преку фокусирани и манипулативни секојдневни изјави и етикетирање на работата на стручните високопрофесионални служби во РКЕ под водство на Марко Бислимоски, приморани сме поради заштита на интегритетот и угледот за оваа состојба да ги информираме меѓународните институции.
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) поради професионалноста, стручноста – трета година по ред е рангирана за број еден регулатор во регионот од страна на Енергетска Заедница.
